Достапни линкови

Русија и Британија се уште не се согласуваат околу Литвиненко


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска во Москва разговараше со рускиот претседател Дмитри Медведев. На заедничката прес конференција по средбата Медведев изјави дека се уште не се согласуваат за некои проблеми , како што е истрагата за случајот за Александар Литвиненко, поради разликите околу правните системи. Тој додаде дека таквите несогласувања не треба да пречат во останатите сфери на соработка.
Камерон пред средбата изјави дека Британија ќе продолжи да бара правда за убиството на Литвиненко, и дека и односите меѓу Лондон и Москва не се на потребото ниво и неопходно е унапредување на соработката.

Литвиненко беше поранешен руски шпион, кој почина во Лондон од труење со радиоактивен полониум. Русија ги отфрли барањата да го екстрадира, Андреј Луговој, поранешен агент на КГБ, кого Британија го гони за убиството на Литвиненко.
XS
SM
MD
LG