Достапни линкови

Новиот американски амбасадор пристигна во Скопје


Новиот американски амабасадор во Македонија Пол Волерс денеска пристигна во Скопје. Aмериканскиот Сенат на 2 август годинава едногласно го избра Волерс за амбасадор во Македонија. Претходно Волерс работел како директор на Канцеларијата за Кавказ и регионални конфликти во Бирото за европски и евро-азиски прашања, во Стејт Департментот како и заменик шеф на мисија и вршител на должноста амбасадор во Скопје. Волерс на амбасадорската функција доаѓа на местото на Филип Рикер, кој сега е заменик помошник државен секретар во Бирото за Европски и Евроазиски прашања во Стејт Департментот.
XS
SM
MD
LG