Достапни линкови

Oбединување без конкретни чекори


Прослава на 20-годишнината од референдумот за самостојност на Македонија.

Прослава на 20-годишнината од референдумот за самостојност на Македонија.

Според експертите, институцијата Претседател може да ја одгигра клучната улога за обединување меѓу опозицијата и власта.

Јасни се повиците за обединување што ги упати претседателот во последните говори особено по повод денот на независноста каде што и содржината на музејот на македонската борба се обиде да го објасни во оваа насока, но се уште нема најава на конкретни чекори кои би ги презел претседателот во оваа насока велат во неговиот кабинет. Засега конкретни се само пораките и можеби помеката реторика во последните две обраќања на претседателот, анализираат експертите, но според нив постојат и претходни услови кои би морале да се исполнат за да може оваа институција да ја одигра оваа клучна улога особено кога е во прашање еден висок интерес за државата како што е прашањето за името.
Ако сака да биде добар медијатор, треба двете страни да го прифатат како неутрален, условно речено. Тоа е невозможно, според нашиот политички систем и начинот на кој е избран.

„Ако сака да биде добар медијатор, треба двете страни да го прифатат како неутрален, условно речено. Тоа е невозможно, според нашиот политички систем и начинот на кој е избран, но во секој случај ако со своите ставови и односот кон опозицијата тој успее да ја смени реториката и да ги убеди тогаш ќе се прифати“, изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.
x

Во овој момент не гледа можност претседателот да биде прифатен од сите политички опции за да може да ја преземе улогата на медијатор, професор Здравко Савески.

„Претседателот на државата цело време се однесува како гласноговорник во сенка на Владата. А, неговата функција овозможува да не биде марионета на партијата која го поддржала на избори.“
Претседателот на државата цело време се однесува како гласноговорник во сенка на Владата.

На владејачката партија идеолошки и значи обединувањето, додава Савески, но политиките што ги води не водат кон такво нешто, додава тој. Според него, постојат и други предуслови кои би биле неопходни за да се надеваме дека крајно спротивставените политички страни би се сплотиле околу заедничкиот државен интерес. Да се спушти реториката и дискусијата да се сведе во рамките на демократска комуникација. Сепак двајцата експерти не ја исклучуваат можноста и власта и опозицијата да ги видиме во еден таков амбиент бидејќи многу често само прашање на теснопартиски интереси е пренагласувањето на разликите меѓу нив околу во реалноста не многу различните ставови.

„Не мора тие да се сакаат за да дојдат до заедничко решение. Кај политичарите се е возможно, но во секој случај ако се продолжи со реториката што до сега беше присутна на нашата политичка сцена меѓу позицијата и опозицијата, било кој натамошен разговор ќе биде невозможен“, појаснува Муслиу.
XS
SM
MD
LG