Достапни линкови

Анализи за минимална плата


Социјалните партнери деновиве ќе започнат да разговараат висината на минималната плата.

Работните групи за утврдување на минимална плата на работниците се формирани и сега се прават анализи колку пари треба да изнесува. Во преговорите се вклучени владата, синдикатите и работодавците. Според претходните најави на синдикатот, тие се залагаат минималната плата да биде околу 9.000 илјади денари, додека работодавците сметаат дека 7.000 илјади денари се доволни. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски вели дека денеска ќе се одржи третата седница на работните групи и во основа останува барањето дека минималната плата треба да биде утврдена со закон.
Очекуваме веќе во текот на идните денови да почнеме да разговараме со социјалните партнери за висината на минималната плата.

„Очекуваме веќе во текот на идните денови да почнеме да разговараме со социјалните партнери за висината на минималната плата. Во секој случај очекувам оној термин кој си го дадовме заеднички, сите три социјални партнери кон крајот на месецот “
x

Претседателот на Конфередацијата на работодавачи, Миле Бошков вели дека треба да има минимална плата со одредена сума под која не треба да се оди, освен во некои дејности, како кожарската, земјоделството и текстилот кои во одреден период би го достигнале утврдениот износ. Според Бошков, нивниот предлог не се разликува многу од оној на Синдикатот, иако бараат мало намалување на минималната плата.

„Ние она што го предлагаме е минимална плата, меѓутоа одредување на минималната плата на нето основица, тоа значи дека компаниите ќе можат да го подигнуваат тоа ако сакаат, но минималната нето основица е загарантирана.“
Ние она што го предлагаме е минимална плата, меѓутоа одредување на минималната плата на нето основица.

Митревски очекува на крајот од месецот да излезат со заеднички прифатлива висина на минималната плата и со прифатливо законско решение.

„За после некаде од октомври натаму, според нас, и според она што го договаравме на економско социјален совет, тој закон за минимална плата да биде во редовна процедура во законодавниот дом, но според нашите барања треба да биде по итна постапка.“

Речиси сите земји од Европа имаат утвредно минимална плата. Според податоците за 2010 година на европската агенција за статистика Еуростат најниска просечна нето плата од 112 евра има во Бугарија, а највисока 1610 евра во Луксембург.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG