Достапни линкови

Фратини и Ламбринидис во посета на Тирана


Министрите за надворешни работи на Италија и на Грција, Франко Фратини и Ставрос Ламбринидис, денеска во Тирана ќе се обидат со албанските ривалски политичари да договорат согласност за клучните реформи што треба да ги спроведе Албанија на патот кон Европската Унија. Според соопштението од канцеларијата на Европската Унија во Тирана, министрите ќе се обидат да ги охрабрат политичарите од власта и од опозицијата да работат заедно за евро-интеграцијата.
XS
SM
MD
LG