Достапни линкови

Британскиот премиер се заложи за подобри односи со Русија


Британскиот премиер Дејвид Камерон пристигна во посета на Москва во обид да ги обнови руско – британските односи кои беа заладени по смртта на Александар Литвиненко во Лондон. Зборувајки во Московскиот државен универзитет, Камерон призна дека во последно време односите со Русија не се на потребното ниво, но повика на соработка на сите полиња на кои постои заеднички интерес. Камерон, во чија придружба е и британскиот шеф на дипломатијата Вилијам Хаг и група бизнис лидери, ќе има средби со рускиот претседател Дмитриј Медведев и со премиерот Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG