Достапни линкови

САД го осудија убиството на сириски активист


Соединетите Држави го осудија убиството на сирискиот активист за човекови права, Гијат Матар. Во писменото соопштение од Стејт Департментот се изразува најостра осуда за убиството на Матар од страна на сириските безбедносни сили додека тој бил во затвор и уште еднаш се повикува претседателот Башар Ал Асад да си поднесе оставка. Според Хјуман Рајтс Воч, Матар бил изложен на тортура.
XS
SM
MD
LG