Достапни линкови

Британскиот премиер Камерон во посета на Москва


Британскиот премиер Дејвид Камерон и рускиот претседател Дмитриј Медведев на Самит на Г-20 во Сеул на 11 ноември 2010 година.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и рускиот претседател Дмитриј Медведев на Самит на Г-20 во Сеул на 11 ноември 2010 година.

Британскиот премиер Дејвид Камерон пристигна во Москва. Тоа е прва посета на Русија од британски прмиер, по пауза од пет години. Посетата има за цел обновување не британско-руските политички и економски односи, кои беа нарушени во 2006, по смртта на рускиот критичар Александар
Литвиненко.

Тој беше поранешен руски шпион, кој почина во Лондон од труење со радиокативен полониум. Русија ги отфрли барањата да го екстрадира, Андреј Луговој, поранешен агент на КГБ, кого Британија го гони за убиството на Литвиненко.

Камерон во Русија е придружуван од секретарот за надворешни работи, Вилијам Хејг и од група бизнисмени. Се очекува Камерон да се сретне со рускиот претседател Дмитриј Медведев и со премиерот Владимир Путин.

Од кабинетот на Камерон соопштуваат дека се очекува на средбите да бидат договорени зделки вредни 345 милиони долари што ќе обезбедат околу 500 нови работни места во Британија. Се очекува, со постигнатите договори да се зголеми британско-руската соработка во цивилниот нуклеарен сектор.
XS
SM
MD
LG