Достапни линкови

Иран ја отвора првата нуклеарна централа


Нуклеарната централа Бушер.

Нуклеарната централа Бушер.

Се очекува денеска да биде пуштена во употреба првата нуклеарна централа во Иран, изградена со руска помош. Централата Бушер, која се наоѓа во јужниот дел на Иран, ќе стартува со работа по неколку години одложување. За отварањето на централата, властите во Техеран организираат церемонија на која треба да присуствува и рускиот министер за енергетика Сергеј Шматко. По средбата со неговиот ирански колега, Шматко изјави дека во иднина Русија и Иран повеќе ќе соработуваат во областа на нуклеарната енергија.
XS
SM
MD
LG