Достапни линкови

logo-print

За 10 дена преодна Влада во Либија


Заменик шефот на либискиот Национален совет, Махмуд Џибрил.

Заменик шефот на либискиот Национален совет, Махмуд Џибрил.

Заменик шефот на либискиот Национален совет, Махмуд Џибрил, изјави дека новата преодна влада ќе биде формирана во рок од 10 дена и оти во неа ќе има претставници од сите региони во Либија. Силите кои му се спротивставија на режимот на Гадафи сега контролираат поголем дел од либиската територија, освен неколку градови. Џибрил соопштува дека либискиот Национален преоден совет почнал повторно да произведува нафта, но одби да каже каде и колку нафта е произведена.

Во меѓувреме, се уште нема информации за тоа каде се наоѓа Моамер Гадафи. Либиските бунтовници наишле на жесток отпор во Бани Вали што се смета за едно од последните упоришта на Гадафи. Бунтовниците се сомневаат дека предавници од нивните редови ги информираат силите лојални на Гадафи за наредните чекори.
XS
SM
MD
LG