Достапни линкови

logo-print

Еден од синовите на Гадафи е во Нигер


Синовите на Моамер Гадафи - Саиф ал-Ислам и Саади.

Синовите на Моамер Гадафи - Саиф ал-Ислам и Саади.

Еден од синовите на либискиот лидер Моамер Гадафи, Саади, пристигнал во соседен Нигер, соопштија тамошните власти. Министерот за правда на Нигер изјави дека Саади Гадафи бил со конвојот кој бил пресретнат од нигерските вооружени сили. Конвојот се движел кон градот Агадез. Саади Гадафи има 38 години. Во 2004 година тој се откажа од фудбалската кариера и се приклучи на армијата, каде беше командант на елитна единица. Нигер минатата недела вети дека ќе ги почитува меѓународните обврски и ќе спречи Либијци да влезат на територијата на Нигер.
XS
SM
MD
LG