Достапни линкови

logo-print

ЗНМ се жали на нова „политичко-медиумска војна“


Претседателот на ЗНМ Насер Селмани

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани

Македонското здружение на новинари смета дека во нова "војна" меѓу група новинари-уредници и политички партии страда угледот на македонското новинарство. Во соопштението од здружението е наведено дека писмото на група новинари упатено до еврокомесарот за проширување Штефан Филе за состојбата со медиумите во земјава и реакцијата на СДСМ на тоа писмо, ја покажуваат грдата спрега меѓу политиката и новинарството во земјава. Според ЗНМ етикетирања на сметка на новинарите кои ги има и во писмото до Филе и во соопштението на политичката партија се крајно недозволиви. На ова со писмена реакција се огласи СДСМ, и бара да не ја изедначуваат со, како што вели, режимот на ВМРО- ДПМНЕ. Во реакцијата е наведено дека ЗНМ треба да се изјасни со кого се согласува со писмата на високите странски преставници и меѓународни организации или со потписниците на скандалозното писмо испратено до Филе.
XS
SM
MD
LG