Достапни линкови

logo-print

ОН е „крајно загрижена “за случувањата во Сирија


Сирија во неколку наврати ги одби барањата на Обединетите Нации за да им даде пристап на меѓународните набљудувачи.Ова го изјави главниот претставник за хуманитарна работа на Обединетите Нации Валери Амос во интервју новинската агенција Ројтерс. Амос додаде дека организацијата е „крајно загрижена“ за случувањата во Сирија и за кршењето на човековите права и дека во вакви моменти регионалните тела како што е Арапската лига ја имаат клучната улога за постигнување на долгорочно политичко решение на кризата.. Претходно Францускиот министер за надворешни работи Ален Жупе го оцени како „скандал“ неуспехот на земјите членки во Советот за безбедност на Обединетите Нации да се договорат околу резолуција за смртоносното задушување на протестите против режимот во Сирија.
XS
SM
MD
LG