Достапни линкови

Македонско-грчката граница ќе биде блокирана поради штрајк


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Грчките царински службеници од утре стапуваат во 48 часовен штрајк, а трите македонско-грчки гранични премини, ќе бидат блокирани. Македонското министерство за внатрешни работи соопшти дека добило информација од грчка страна, оти на граничниот премин Богородица, односно Евзони, ќе има и одреден застој во одвивањето на сообраќајот и за патничките моторни возила, поточно тие ќе се пропуштаат во одредени временски интервали.
XS
SM
MD
LG