Достапни линкови

Давутоглу: Ердоган нема да го посети Појасот Газа


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска изјави дека премиерот нема да ја помине границата со Појасот Газа за време на неговата посета во Египет. Давутоглу предупредува дека Израел се соочува со „ растечка изолација“ во регионот. Тој додаде дека премиерот Реџеп Таип Ердоган по посетата в понеделник на Египет, ќе ги посети и Тунис и Либија. Од неодамна Израел ги заостри односите со Турција и Египет, каде што демонстрати ја демолираа изралеската амбасада. Израел соопшти дека ќе се обиде да ги намали тензиите и да ги подобри односите со Турција.
XS
SM
MD
LG