Достапни линкови

Руски туристи заглавија на бугарски аеродром


На бугарските аеродроми во Бургас и Варна блокирани се околу 900 туристи од кои 600 се руски. Тие не можат да заминат поради финансиски спор меѓу туристичката компанија и авиопревозник .
Рускиот заменик конзул во Врана Галина Петровскаја изјави дека туристите ноќта ја поминале во хотели и ќе можат да се вратат дома најрано в понеделник.
Бугарската авиокомпанија во петокот објавила дека ги укинува петте чартер летови за Москва и Санкт Петербург, договорени со туристичката компанија поради долг од 3,5 милиони евра.. За решавање на спорот меѓу двете компании, се вклучени и претставници на бугарската и руската влада, но се уште не е постигнат договор.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа издаде налог службениот авион на неговата влада да пренесе околу 80 патници за Москва, во најголем дел жени и деца.
XS
SM
MD
LG