Достапни линкови

Иванов со писмо до Обама за 10 годишнината од нападите


Претседателот Ѓорге Иванов денеска упати писмо до американскиот претседател Барак Обама по повод годишнината од нападите на 11 септември 2001 година. Во писмото е наведено дека ужасните настани од тој кобен ден не смеат никогаш да бидат заборавени и треба да бидат поттик за солидарност и единство меѓу слободните држави во нивната борба против злото. Претседателот Иванов посочува дека пред десет години тероризмот нанесе сериозен удар на американскиот народ и на заедничките вредности, фрлајќи длабока сенка врз слободниот свет и дека Македонија ќе продолжи да ги поддржува американските напори за одбрана на слободата, демократијата и човековите права во светот со истата одлучност како и досега.
„Македонија е верен и докажан пријател и партнер на Вашата голема нација, а нашите мировници остануваат заедно со Соединетите Американски Држави во напорите за поголема безбедност, стабилност и мир во светот“ вели Иванов во писмото до Обама.
XS
SM
MD
LG