Достапни линкови

logo-print

Поранешни министри со список за Камерун за посетата во Москава


Поранешни британски министри за надворешни работи побараа од премиерот Дејвид Камерун да го искорити патувањето во Москва и да покрене прашања за човековите права во земјата. Во заедничкото писмо до премиерот што го објави весникот„ Сандеј Тајмс“е наведено дека има голем број на причини и настани „ за сериозна загриженост “ за кои Камерун треба да рзговара со неговиот руски колега Владимир Путин и претседателот Дмитри Медведев. „Политички мотивираното“ притварање на нафтениот тајкун Михаил Ходорковски и неговиот соработник Платон Лебедев, убиството на адвокат, „зголемено непријателсво“ кон новинартите и дел од бизнисмените, како и деловните врски меѓу двете земји. Ова се дел од проблемите за кои министрите бараат Камерун да разговара со руските власти. Писмото го потпишале екс-министрите за надворешни работи Дејвид Милибанд, Маргарет Бекет, Џек Строу и Малком Рифкинд. Ова е прво патување на британски премиер во Москава по 2006-тата година кога двете земји ги заладија односите по смртта на поранешен КГБ агент.
XS
SM
MD
LG