Достапни линкови

Џалил: Револуцијата се уште не е завршена


Лидерот на либискиот Национален преоден совет Мустафа Џалил влезе во главниот град Триполи, за прв пат откако неговите сили ставија крај на владењето на Моамер Гадафи. Тој од аеродромот во Триполи го повика либискиот народ на единство и побара да граѓаните да си простат меѓусебе за да може да се посветат во обнова на земјата. Џалил предупреди дека револуцијата се уште не е готова затоа што трите града Бени Валид, Сирте и Саба се уште се во рацете на лојалистите на режимот а Гадафи се уште е на слобода. Новинските агенции јавуваат дека во последниве два дена се водат битки близина на родното место на Гадафи, Сирте и во Бани Валид.
XS
SM
MD
LG