Достапни линкови

Франција бара санкции за Сирија


Францускиот министер за надворешни работи Ален Жупе го оцени како „скандал“ неуспехот на земјите членки во Советот за безбедност на Обединетите Нации да се договорат околу резолуција за смртоносното задушување на протестите против режимот во Сирија. Тој во својот говор при посетата на Австралија изјави дека Франција и нејзините западни сојузници веруваат оти режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад го изгуби легитимитетот и дека сега „ е предоцна“ за да почне со спроведување на реформи. Франција, Британија и САД се трудат да помине на Советот, резолуција со која ќе се воведат санкции кон режимот на Сирија, но Русија и Кина на тоа ставија вето.
Според Обединатите Нации Во Сирија до сега загинале над 2200 луѓе во демонстрациит епротив режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG