Достапни линкови

Македонија ја победи и Словенија


Македонската кошаркарска репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со успесите на ЕП во Литванија. Денеска нашите кошаркари убедливо ја совладаа Словенија со 68:59 . Избраниците на Марин Докузовски продолжуваат со фантастична игра во одбраната за која денеска немаа одговор ниту Словенците. Во нападот, иако не функционираше шутот за три поени, нашиот тим предводен од бековското дуо Мек Келеб - Илиевски, кои заедно уфрлија 35 поени стигна до шестата победа на шамптионатот. Најефикасен на средбата во нашата селекција беше Бо Мек Келеб со 19 поени, а Владо Илиевски уфрли 14 поени. Кај Словенија најефикасен беше Горан Драгиќ со 20 поени. Македонија в понеделник во 20 часот игра против Русија за првото место во групата.
XS
SM
MD
LG