Достапни линкови

logo-print

Тадиќ: Едностраните акции на Приштина го загрозуваат дијалогот


Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска во Белград изјави дека земјата не сака конфликти и предупреди на опасноста од едностраните акции на Приштина во севрено Косово. Тој додаде дека едностраните акции го прават дијалогот меѓу Белград и Приштина бесмислен.
Косовскиот премиер Хашим Тачи објави дека по 15 септември контролата на граничните пунктови ќе биде преземена од косовската полиција и царина. Белград таквиот потег го смета за неприфатлив.
XS
SM
MD
LG