Достапни линкови

logo-print

Приштина ја отфрли идеата на Фејт за северот на Косово


Српскиот и косовскиот преговарач во Брисел

Српскиот и косовскиот преговарач во Брисел

Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи ја отфрли идејата на шефот на Меѓународната цивилна канцеларија на Косово Питер Фејт, дека решението за северот на Косово би можело да биде автономија по примерот на Каталонија. Тој изјави дека во тој дел на покраината се потребни ред и закон, а не овластувања кои ги преминуваат границите на планот на Ахтисари кој кој на српската заедница и гарантира доволно права за да го зачува својот национален идентитет.
Фејт, како што пренесува ЕУ Обзервер, смета дека најдобар модел за трајно решение е „План плус на Ахтисари“, со кој се дава автономија на северно Косово по прашања како што се образование и здравство, но со кој се исклучува каков било облик на поделба на Косово.
XS
SM
MD
LG