Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ да поработи за национално обединување


„Не можеме да ја разбереме потребата на СДСМ преку манипулации, измислици и лаги постојано да работи на внесување на негативна енергија меѓу граѓаните со обид да ја дискредитира прославата на независноста.“ Ова е дел од реакцијата на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ за ставот на СДСМ дека за прославата се потрошени милионски суми а не 90 илјади евра. Во писмената реакција е наведено дека СДСМ мора да почне да промовира вредности кои ќе придонесат за националното обединување бидејќи, како што се вели во соопштението, амо таквиот начин на однесување на политичарите ќе придонесе за интересите на граѓаните и за остварување на интересите на државата.
XS
SM
MD
LG