Достапни линкови

Шефот на арапската лига се сретна со Асад


Арапската лига одбива какво било странско мешање во случувањата. Ова наводно го изјавил шефот на делегацијата на Арапската лига, Набил ел Араби на средбата со сирискиот претседател Башар ал Асад во Дамаск, јавува државната сириска новинска агенција САНА.
Ел Араби е во посета на Сирија со цел да се запре употребата на сила врз демонстрантите. Оваа посета беше планирана за средата но по барање на Асад беше одложена за денеска. Арапската Лига неколку пати до сега ги повика сириските власти да престанат со насилството и да почнат со спроведување на политички и економски реформи.
XS
SM
MD
LG