Достапни линкови

Сириските безбедносни сили прават рации во пограничните села


Активисти за човекови права соопштија дека сириските безбедносни сили денеска изврешиле рации во село кое се наоѓа во близина на границата со Либан , при што двајца цивили загинале, а уапсени се девет луѓе. Последниве информации за насилство доаѓаат по соопштението што го објави сириската новинската агенција САНА дека генералниот секретар на Арапската Лига Набил ел Араби пристигнал во Дамаск на средба со претседателот Башар Ал Асад.
Обединетите Нации соопштија дека над 2200 демонстранти загинале во последниве 5 месечни протести против режимот.
Дамаск тврди дека се бори со „ вооружени терористички банди“.
XS
SM
MD
LG