Достапни линкови

logo-print

Брисел бара од Турција да не се заканува


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Европската унија и порача синоќа на Турција да не се заканува затоа што тоа не придонесува за мирно решавање на граничните спорови на Медитеранот. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера во телевизиско интервју најави употреба на воена морнарица доколку Израел се обиде да поставува нафтени платформи во меѓународните води близу Либан. Тој во ист контекст го спомена и Кипар, која е членка на ЕУ. ,,Ќе видите дека Турција, која е гарант на Турската Република Кипар, презеде чекори и е решена во намерата да ја надгледува ситуацијата во меѓународните води на Источен Медитеран,, рече тој.
XS
SM
MD
LG