Достапни линкови

Зголемена безбедност во Њујорк и Вашингтон


Властите во Вашингтон и Њујорк соопштија дека презеле мерки за зголемување на безбедноста поради загриженоста за можен напад на Ал Каеда кој би се совпаднал со одбележувањето на 10 годишнината од тероистичките напади врз Соединетите држави. Државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека властите врашт истрага за како што го оцени специфичен, веродостојен но не и потврден извештај за можен напад чија цел би биле Њујорк и Вашингтон. Претседателот Барак Обама се очекува утре да ги посети овие два града на одбележувањето на 10 годишнината од нападите во кои загинаа над 3000 луѓе.
XS
SM
MD
LG