Достапни линкови

Пад на вредноста на еврото спрема доларот


Еврото падна на најниско ниво спрема доларот во последниве шест месеци поради загриженоста за способноста на Европската унија да ја реши должничктата криза. Вчера едно евро се менуваше за долар и 37 центи. Во истовреме пад вчера забележаа и берзите во Соединетите држави. До ова доаѓа по извештаите дека Грција нема да успее да се извлече од кризата, како и по оставката на Јирген Штарк, главен економист во Европската централна банка.
XS
SM
MD
LG