Достапни линкови

Судири во Каиро


Египетската полиција и војската се судрија со демонстрантите во Каиро откако поголема група од нив упаднала во израелската амбасада и почнала да фрла израелски документи преку прозорците. Насилството го принуди израелскиот амбасадор, како и неговото семејство и другиот персонал денеска да заминат за Израел. Вчера египетската полиција не интервенираше кога една група го пробила заштитниот ѕид на амбасадата и го запалила израелското знаме. Веднаш потоа полицијата презела акција, употребувајќи солзавец за да ги растера демонстрантите. Притоа извесен број полициски автомобили биле запалени. Во насилството имало околу 450 повредени, додека еден човек умрел од срцев напад. Американскиот претседател Барак Обама побара од Египет да ги почитува меѓународните обврски и да ја заштити амбасадата на Израел. Насилството во Каиро ги отсликува тензиите во односите меѓу Египет и Израeл откако во минатиот месец петмина египетски војници биле убиени во израелска воена акција која била одговор на претходното убиство на осумина израелци.
XS
SM
MD
LG