Достапни линкови

Десет години од 11/9


Под засилени мерки за безбедност, светот ја одбележува десетгодишнината од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.

Сосема неочекувано не само за САД туку и за целиот свет, тие го означија стартот на новата ера во која драматично ќе се смени перцепцијата на стравот, на употребата на насилство и на последиците од насилството. За овие напади беше обвинета терористичката мрежа Ал Каеда, која иако обезглавена се уште не престанува да биде опасност по безбедноста. Нејзе може да и се припише укинувањето на ексклузивната безбедност, но и на екслкузивната моќ така како што претходно се доживуваа. Денеска ниту едно место на светот не може да се смета за целосно безбедно.

„Тогаш човечкиот род сфати дека веќе никој никаде не е безбеден. Ние после 2001 година имавме во Европа неколку сериозни терористички акции тоа укажа дека апсолутно никој никаде не е безбеден, вклучително и Република Македонија со самото наше влегување во светската коалиција против тероризмот ние сме веќе таргет на ваквите терориристички организации“, вели професорот Владимир Пивоваров.
Тогаш човечкиот род сфати дека веќе никој никаде не е безбеден. Ние после 2001 година имавме во Европа неколку сериозни терористички акции тоа укажа дека апсолутно никој никаде не е безбеден, вклучително и Република Македонија.

Се може да и се припише на глобализацијата, модернизацијата и демократизацијата на светот. Тероризмот денеска ни се враќа како бумеранг. Сега на удар е повторно демократијата, слободата и човековите права. За еден од најголемите се смета отварањето на затворот Гвантанамо на Куба во 2002 година каде што се затвараат само осомничените за тероризам. Зголемувањето на контролата на границите и сите додатни заштитни мерки само додатно ја изрелативизираа приватноста и човековите права.

Малку од државите успеаја да ја најдат вистинската мерка меѓу она што е заштита на безбедноста и човековите права, додава професорот Стево Пендаровски.

По нападите малку од државите успеаја да ја најдат вистинската мерка меѓу она што е заштита на безбедноста и човековите права, велат експертите
x
По нападите малку од државите успеаја да ја најдат вистинската мерка меѓу она што е заштита на безбедноста и човековите права, велат експертите

Многу критичари постојат на концептот кој денеска егзистира особено во САД каде што се смета дека навлегувањето во приватноста е претерано или преку некои граници кои би биле разбирливи или прифатливи од аспект на чување на националните интереси.“
Многу критичари постојат на концептот кој денеска егзистира особено во САД каде што се смета дека навлегувањето во приватноста е претерано или преку некои граници кои би биле разбирливи или прифатливи од аспект на чување на националните интереси

Борбата против тероризмот ги зголеми и трошоците. Денеска граѓаните треба да издвојуваат повеќе за да го зголемат чувството на сопствената безбедност зошто државите трошат 50% повеќе пари за овие цели отколку пред 10 години. Ниту светската економска криза не влијаеше тие да се ограничат и покрај таквите најави.

„Намената на овие средства во многу нешта не е намалена туку се преориентирани приоритетите на државите, ако претходно тоа беше за некои директни воени трошоци, сега веќе станува збор за некој воени трошоци кои ние директно не ги гледаме како заштита или зголемување на безбедноста“, заклучува професорка Лидија Георгиева.
По повод десетгодишнината од нападите во Вашингтон отворен Музеј на теророт
x
По повод десетгодишнината од нападите во Вашингтон отворен Музеј на теророт

Од друга страна и тероризмот се потхранува со пари и услов за негово разгранување е капиталот кој постојано се оплодува што укажува на тоа и дека безбедносните мерки треба пред се да се насочуваат кон прекинување на финансиската поткрепа. Кога би соработувале подобро земјите меѓу себе, тогаш превенирањето на тероризмот може да станува се поуспешно, се на мислење експертите. Реформите на безбедносните системи како и интензивирањето на соработката на разузнавачките служби се случи наскоро по трагичниот 11 септември во 2001 како директна последица од овој настан откако државите сфатија дека самостојно не можат да се борат против непознатиот непријател кој е секогаш чекор понапред од безбедносните мерки.

„Дојде до реформи во методологијата на работа на разузнавачките служби односно стандардизација на работа на разузнавачките служби, сите останати држави влегоа во разузнавачки сојуз или сојуз на споделување на информации кои се однесуваа од областа на тероризмот“, вели Пивоваров.

Македонија не е исклучок

Размената на разузнавачки информации и приклучувањето кон меѓународните мисии се јасен сигнал дека сме дел од заедничката борба против тероризмот, додава Пивоваров што укажува и на тоа дека будноста треба да се зголемува, зашто, според него, тероризмот е пред се закана за најслабите алки во антитерористичката коалиција. Пендаровски ваквите предупредувања ги смета за претерани укажувајќи на тоа дека учеството во воените мисии во Ирак и во Авганистан не предизвикале дополнително загрозување на безбедноста.
И македонската Армија стана дел од светска коалиција против тероризмот

Поради тоа, вели Пендаровски, Македонија во меѓувреме не ги засили своите закони за влез и престој на странски државјани во нашата држава ниту, пак, воведе некави дополнителни мерки за заштита. Сепак, никој не ја оспорува потребата од постоење на силни и професионализирани разузнавачки служби.

„Што за жал денеска не е така кај нас, само така би можело со таков кадар, професионален, едуциран кадар да опстоиме, нормално тука се потребни и финасиски средства, електронска работа и сето тоа што е составен дел од работата на таквите оперативци. Еднаш ќе мора да расчистиме со тоа прашање да ги деполитизираме службите односно тие да станат исклучително за потребите на граѓаните и на државата“, додава Пивоваров.
Македонија, како и останатите држави, е земја во која постојат секојпат отворени можности за закана за безбедноста на граѓаните. Системот за безбедност во Македонија е така поставен да мора да биде функција како да еве утре се случи таква ситуација. Лично мислам дека засега состојбата во Македонија на безбедносен план е задоволителна.

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, пак потврдува дека учеството во меѓународните воени мисии носи одредени ризи за безбедноста на македонските граѓани кој вели дека спаѓа во пресметани ризици и уверува дека Македонија ги зголемува своите капацитети за справување со него.

„Република Македонија како и останатите држави е земја во која постојат секојпат отворени можности за закана за безбедноста на граѓаните. Системот за безбедност во Македонија е така поставен да мора да биде функција како да еве утре се случи таква ситуација. Лично мислам дека засега состојбата во Македонија на безбедносен план е задоволителна“, вели Димитриев.

Иако не мислат дека Макеоднија е дел од плановите на меѓународно развиените терористички мрежи, македонските граѓани не мислат дека државата е безбедна од терористички напади.

„Во Македонија се случуваат секојдневно поголеми или помали меѓутоа актуелната власт треба да ги објави тие имајќи во предвид дека се тоа во поголем аспект политички мотивирани со големи материјални последици и проследени дури и со жртви.“

„Има делуваат посебно преку Косово, Албанија, па оттаму влегуваат тука.“
Во борбата против тероризмот се надминаа ли границите на приватноста?
x
Во борбата против тероризмот се надминаа ли границите на приватноста?


11 септември се сели во Музејот на теророт што беше отворен во Вашингтон по повод десетгодишнината од еден од најморничавите настани во историјата на САД. Од него се дел голем број артефакти кои говорат за личните трагедии на речиси 3.000 лица.

За антагонизмот, пак, меѓу муслиманскиот и христијанскиот свет што го произведе овој настан посведочи неодамнешниот крвав масакр во Норвешка кога вооружен маж уби 70-тина тинејџери под објаснување кое го даде самиот сторител дека претставува крстоносна војна со цел да се спречи муслиманската инвазија во Европа.
Мислам дека од тој аспект колку ќе успееме да го зајакнеме и зголемиме чувството на сигурност преку зајакнување на човековите права воопшто во таа мера ќе се намалат и опасностите за политичко насилство и разни форми на тероризам.

Она што остана како предрасуда па дури и теорија во денешните анализи тероризмот по 11 септември 2001 е тој да се идентификува со исламскиот радикализам. Ова му нанесе неправда на исламскиот свет, а американската политика значително ја ограничи, велат експертите коишто гледаат и најави во новата администрација на актуелниот американски претседател, Барак Обама да се надмине.

Професор Лидија Георгиева, радикалниот тероризам, пак го смета само како параван за останатите форми на насилство кои се повеќе земаат замав во светски рамки, а коишто се политички мотивирани. Од овој тренд, додава Георгиева, не може да биде исклучена ниту Македонија. Таа е под опсаност од двете форми на тероризам и политичкиот и радикалниот бидејќи е дел од овој чувствителен дел од светот кој гравитира кон Азија, а низ кој поминуваат разните нелегални трговии со луѓе, оружје и слично. Одговорот лежи не само во формалната воена подготвеност, туку во вкупните политики за интегрирање во меѓународната политика за спречување на насилството и заштитата на човековите права.

„Мислам дека од тој аспект колку ќе успееме да го зајакнеме и зголемиме чувството на сигурност преку зајакнување на човековите права воопшто во таа мера ќе се намалат и опасностите за политичко насилство и разни форми на тероризам.“

Многу поагилни од нашето учество во меѓународните мисии, додава Георгиева, треба да бидеме во рамките на соработката со соседите, регионалната соработка и соработката со Европската унија низ што треба да се зајакнува нашата ефикасност во зајакнување на безбедноста.
XS
SM
MD
LG