Достапни линкови

Страв во САД од должничката криза во Европа


Акциите на американските берзи забалежаа пад поради стравот дека европската должничка криза ќе и наштети на светската економија и оти ке дојде до нова глобална рецесија.
Европската Централна Банка соопшти дека главниот економист на банката поднесол оставка што сигнализира дека меѓу клучните играчи кои решаваат нема согласност за тоа како да се надмине економската криза.
Американските компании ќе бидат погодени од рецесија во Европа која е клучен американски трговски партнер. Од друга страна американската економија има бавен раст, а невработеноста останува висока.
XS
SM
MD
LG