Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ - СДСМ продолжува со празна реторика


ВМРО-ДПМНЕ попладнево во писмена реакција на соопштението на СДСМ по повод говорот на премиерот Никола Груевски на вчерашното одбележување на 20-годишнината од независноста на Македонија, наведува дека нема да ја коментира празната реторика на таа партија, полна со гнев и негативна енергија.
Жалиме што Социјалдемократите, стои во реакцијата, продолжуваат да се гушат во искривениот вредносен систем на нивниот доживотен претседател.
- Ајде да го надминеме ова. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повторува пораката за обединување. Доста е со поделби, навреди и препукување. Апелираме за национално и политичко помирување. Тоа и е потребно на Македонија, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG