Достапни линкови

СДСМ со реакциија на говорот на Груевски


Macedonia - Leadership of opposition SDSM(Social Democratic Union of Macedonia) on 20th jubilee of the party in Skopje. From from left to right - Stevce Jakimovski, former President of Macedonia Kiro Gligorov, Vice President of SDSM Gordan Georgiev, Stevo

Macedonia - Leadership of opposition SDSM(Social Democratic Union of Macedonia) on 20th jubilee of the party in Skopje. From from left to right - Stevce Jakimovski, former President of Macedonia Kiro Gligorov, Vice President of SDSM Gordan Georgiev, Stevo

СДСМ е за обединување и се залага за решение на спорот за името кое нема да задира во македонскиот идентитет и јазик. СДСМ е за обединување за вистински патриотизам, за евроатланските интеграции на Македонија, за подобра економска состојба, унапредување на јавното здравство и обезбедување на квалитетно образование, стои во денешната писмена реакција од оваа политичка партија на говорот на премиерот Никола Груевски по повод 20 годишнината од независноста на Република Македонија
Според СДСМ за премиерот овие вредности и политики се само обични флоскули во говор на партиски собир. Во реакцијата се обвинува за мегаломанско трошење на народните пари, невработеноста, систематското разградување на јавното здравство и рекордната сиромаштија.
- Вчера, повторно ги чувме црвените линии за спорот со името, но не чувме ниту збор за тоа како планира да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО што преставува определба и стремеж на огромното мнозинство на граѓани, се вели во писмената реакција од СДСМ.
Во Македонија, се потенцира, не постои политичар, ниту партија која ќе се согласи со решение на спорот за името кое ќе задира во македонскиот иденититет, јазик и кое ќе значи промена на уставот.
СДСМ во писмената реакција посочува дека на Македонија и е потребно обединување околу визија за иднината, евроатланските интеграции и економскиот просперитет за граѓаните.
XS
SM
MD
LG