Достапни линкови

Договорот за царинските печати од 16 септември


Хашим Тачи

Хашим Тачи

Косовската влада реши на 16 септември да почне да го имплементира Договорт со Србија за царинските печати, изјави премиерот Хашим Тачи, додавајќи дека сите граѓани на северот на Косово ќе бидат информирани за новите правила за движење на луѓе и стока. Според него, правилата се должни да ги почитуваат сите кои ја минуваат меѓудржавната граница меѓу Косово и Србија. Тачи уште еднаш повтори дека полициската акција од 25 јули за преземање контрола врз граничните премини во северно Косово била во целосна согласност со меѓународните партнери. Договорот меѓу Приштина и Белград беше постигнат на 2 септември во Бирсел.
XS
SM
MD
LG