Достапни линкови

logo-print

Даночното олеснување да продолжи


Бизнисмените велат дека намалувањето на доноците особено е позитивно за малите компании.

Бизнисмените велат дека намалувањето на доноците особено е позитивно за малите компании.

Стопанствениците велат дека досегашните даночни поволности се позитивни, но мерките треба да се продолжат со цел поголем развој на домашните компании и економијата.

Секое намалување на даноците и давачките на компаниите е за поздрав, бидејќи значи повеќе пари за самото производство и инвестиции, велат бизнисментите. Досегашните поволности придонесоа за растеретување на приватниот сектор, но треба да се продолжи со мерките за развој на компаниите и економијата во земјата.
Треба да се инсистира и да се преземаат мерки и за отстранување на одредени административни бариери кои го кочат развојот

Митко Алексов од Сојузот на стопански комори вели дека воведувањето на рамниот данок и намалувањето на персоналецот на 10 отсто, како и можноста да не се плаќа 10 отсто од данокот на добивка доколку се реинвестира, позитивно влијаеле врз бизнисот. Меѓутоа според него, треба и натаму да продолжи даночното олеснување на компаниите.
Владата најави дека Македонија планира да ја направи земја со најниски даноци во Европа

„Со цел да се овозможи одредени слободни финансиски средства да се искористат во понатамошни инвестиции и во понатамошни развојни проекти. Треба да се инсистира и да се преземаат мерки и за отстранување на одредени административни бариери кои го кочат развојот.“

Бизнисменот Јован Дабевски вели дека во последниве години давачките на компаниите се намалени и најавите на власта за намалување на даноците треба да се реализираат, бидејќи ќе им бидат од голема полза на компаниите.

„Целта е, не само во Македонија, туку и во Европа, тие мали и средни претпријатија се двигатели веќе на самото стопанство, меѓутоа на нив им требаат одредени средства додека да почнат, додека да се заврти тркалото и потоа ако бидат успешни ќе има многу поголем бенефит и самата држава во дополнителни даноци, кога ќе прераснат тие од мали во средни, од средни во големи итн.“
Целта е, не само во Македонија туку и во Европа, тие мали и средни претпријатија се двигатели веќе на самото стопанство, меѓутоа на нив им требаат одредени средства додека да почнат

Според Алексов, намалувањето на даноците особено ќе биде позитивно за малите компании.

„Кои секое даночно растеретување, секоја помош финансиска или поголем кредит, поголем финансиски пакет ќе им овозможи, ќе ги охрабри да почнат со одреден бизнис што од своја страна ќе придонесе и за намалување на невработеноста во државата.“

Владата најави дека Македонија планира да ја направи земја со најниски даноци во Европа. Укинувањето на данокот за малите и микропретпријатијата со вкупен годишен приход до три милиони денари и избор на даночен режим за малите трговски друштва со вкупен годишен приход од 3 до 6 милиони денари се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ во Манифестот за реформи и развој.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG