Достапни линкови

logo-print

Сириските сили преместувале ранети од болници


Сирија - Хомс, архива

Сирија - Хомс, архива

Хјуман Рајтс Воч соопшти дека сириските сили со сила преместиле 16 ранети лица од болницата во Хомс каде што имаше воена акција против демонстрантите неделава. Централниот град Хомс беше капислата за протестите во Сирија против режимот на Башар ал Асад.
Само во средата, според сведоци, таму биле убиени 20 луѓе.
Според ОН, од Март кога почнаа протестите во Сирија се убиени 2200 лица.
XS
SM
MD
LG