Достапни линкови

Црногорците постигнаа договор за јазикот во училиштата


Игор Лукшиќ - Премиер на Црна Гора

Игор Лукшиќ - Премиер на Црна Гора

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ и лидерите на опозицијата се договорија за тоа како да се нарекува предметот за јазична настава, што ќе се изучува во училиштата, со што се овозможи Парламентот да го прифати изборниот закон.
- „Црногорско-српски, босански, хрватски јазик и литература“, е името на предметот што ќе се изучува, изјави Лукшиќ по Парламентот по разговорот со лидерите на опозицијата.
Лукшиќ истакна, дека на тој начин станува можно усвојувањето на изборниот закон, кој досега опозицијата го бојкотираше поради спорот околу името на јазикот што се изучува во училиштата.
Усвојувањето на изборниот закон е услов Европската унија да одреди датум за почеток на преговорите за членство со Црна Гора
XS
SM
MD
LG