Достапни линкови

logo-print

„Александар Велики“ ги пречекува првите патници


Macedonia - "Alexander the Great" Airport in Skopje

Macedonia - "Alexander the Great" Airport in Skopje

На аеродромот „Александар Велики“ денеска официјално ќе профункционира новиот терминал со пристигнување на летовите на авиокомпаниите „Еделваис“ и на „Аустриан“.
Обновен и модернизиран со најсовремена технолошка опрема според сите светски стандарди, десетпати поголем од поранешниот аеродром, „Александар Велики“, кој официјално беше пуштен на 6-ти овој месец, има капацитет да опслужува четири милиони патници годишно. Концесионерот на аеродромот турски ТАВ во изградбата и модернизацијата на аеродромскиот комплекс вложи 100 милиони евра.
XS
SM
MD
LG