Достапни линкови

Пораки за сплотеност, помирување, остварување на стратешките цели - упатени од прославата на 20 години од осамостојувањето на Македонија.

Македонија во минатиот век, имаше историски датуми и настани. Илинден 1903, АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991 година, се нашите меѓници на патот кон освојувањето на слободата, изјави
Слободно изразената волја на граѓаните, пренесена на оние кои ја изгласаа декларацијата за независност, денес ја положуваме овде како симбол на мечтите и на стремежите на оние кои се бореа за неа.

претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на церемонијата на
Во рацете на Гардистите на АРМ декларацијата за независност која беше положена во Музејот на македонската борба
x
Во рацете на Гардистите на АРМ декларацијата за независност која беше положена во Музејот на македонската борба

свеченото предавање на декларацијата за независност на Македонија од 1991 година, на Гардата, која ја однесе декларацијата до Музејот на македонската борба.

„Во името на идните генерации и аманетот кој ни го оставија сите оние кои ги вложија животите за денешна Македонија да ја направиме нашата библиска земја уште подостојна за нивните жртви, уште повековита од нивните надежи и уште поубава од нивните соништа.“

Откако ја прими декларацијата, претседателот Ѓорге Иванов изјави:

„Желбите на нашите предци, на нашите борци се остварија. Слободно изразената волја на граѓаните, пренесена на оние кои ја изгласаа декларацијата за независност, денес ја положуваме овде како симбол на мечтите и на стремежите на оние кои се бореа за неа. Остварениот завет дојде кај оние кои гинеа копнеејќи за Македонија. Дојде темелот на темел. Дојде своето на свое.“

Иванов потоа ја постави декларацијата во холот на Музејот.
Дали ќе останеме незаинтересирани и исфрустрирани или ќе бидеме напредни, прогресивни, силни, од самите нас зависи, од никој друг.

На плоштадот каде пред 20 години се прослави прогласувањето независна и самостојна држава, во своето обраќање премиерот Никола Груевски изјави:

„Оваа голема независност, сувереност и самостојност на која денеска и се поклонуваме е големо цивилизациско право кое ние го стекнавме. Ние треба да го надградиме. Дали ќе останеме незаинтересирани и исфрустрирани или ќе бидеме напредни, прогресивни, силни, од самите нас зависи, од никој друг.“

Декларацијата за независноста на Македонија спакувана во специјално ковчеже од Собранието до Музејот ја пренесоа припадници на Гардата на Армијата. По Армијата, продефилираа младинци фатени за раце, облечени во црвено жолти маички, тие го формираа знамето на Републиката. Потоа следеше роденденската песна која ја испеаа Клиопи и детскиот хор Златно славејче. Актерите го изведоа театарскиот перформанс Непокор, потоа следуваше музичкиот сценски спектакал Македониум. Беше пуштена во употреба фонтаната и споменикот Воин на коњ, а по обраќањето на премиерот Никола Груевски, прославата продолжи со музичка програма.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG