Достапни линкови

Русија ќе преговара со двете страни во Сирија за надминување на кризата


 Средба на рускиот министер за дворешни работои Сергеј Лавров со сирискиот претседател Башар Ал Асад во Дамаск 2009-та година

Средба на рускиот министер за дворешни работои Сергеј Лавров со сирискиот претседател Башар Ал Асад во Дамаск 2009-та година

Рускиот известувач за Блискиот Исток Михаил Маргелов изјави дека ќе се сретне со двете страни од конфликтот во Сирија за да помогне во надминувањето на кризата во земјата која започна со демонстрациите против режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Маргелов објасни дека утре во Москва ќе се сретне со преставници на сириската опозиција а во понеделник со пратеникот од власта, Бутаина Шабан. Рускиот медијатор изјави денска во Москва дека на средбите ќе се обиде да ги убеди двете страни дека шансите за дијалог се уште не се загубени.
Во меѓувреме иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во интервју за португалска телевизија изјави дека Асад треба да престане со насилното задушување на протестите и дека треба да разговара со опозицијата.
XS
SM
MD
LG