Достапни линкови

Светските лидери со честитки до Иванов за празникот


Portugal -- Macedonian President Gjorge Ivanov R) chats with his U.S. couterpart Barack Obama, Lisbon, 20Nov2010

Portugal -- Macedonian President Gjorge Ivanov R) chats with his U.S. couterpart Barack Obama, Lisbon, 20Nov2010

Соединетите Американски Држави го ценат силното партнерство и остануваат посветени на соработката во поддршка на нашите заеднички цели. Ова е дел од писмото на американскиот претседател Барак Обама до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов по повод 20 годишнината од независноста. До Иванов стигнале писма со честитки од неколку светски лидери меѓу кои и од францускиот претседател Никола Саркози. Во писмото од Саркози е наведено дека посакува земјата да постигне напредок за решавање на спорот за името со Грција, забрзувајќи го притоа процесот на евроатлантската интеграција. Во писмото од германскиот претседател Кристијан Вулф е наведено дека патот кон ЕУ и НАТО низ кој треба да помине Македонија бара смелост, реформи и далекувидост. Вулф го уверува Иванов дека Германија и натаму ќе биде на страната на Македонија како партнер.
Честитки до Иванов и македонскиот народ упатија и украинскиот претседател Пал Шмит, Генералниот гувернер на Канада, Дејвид Л. Џонстон, Претседателот на Кина Ху Џинтао, Романскиот претседател Трајан Басеску и др.
XS
SM
MD
LG