Достапни линкови

Галијано треба да плати 6 илјади евра казна за антисемитски навреди


 Џон Галијано

Џон Галијано

Францускиот суд денеска донесе одлкука со која го казнува британскиот моден креатор Џон Галијано со 6 илјади евра. Тој е прогласен за виновен по обвиненијата за антисемитски изјави во ресторан во Париз минатата година. Паричната казна е далеку од максимална казна затоа што во такви случаи досега судот казнувал со 22 илјади евра и по 6 месеци казна затвор. Галијано, поранешен главен дизајнер во модната куќа Диор, по инцидентот го отпуштиле од работа. Галијано бил снимен со камера како дофрла антисемитски навреди кн неколкумина кои седеле во негова близина.
XS
SM
MD
LG