Достапни линкови

Кошаркарите во четвртфинале, Македонија слави


Бо Мекејлеб шутира слободни фрлања на натпреварот против Грција.

Бо Мекејлеб шутира слободни фрлања на натпреварот против Грција.

Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Грузија и обезбеди историски пласман во четвртфиналето на ЕП во Литванија. Можеби најубава честитка од кошаркарите за 20-годишнината од независноста.

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Грузија со 65:63 и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето на ЕП што се одржува во Литванија.

Во драматична завршница, со кош на натурализираниот Лестер Бо Мекејлеб на 2 секунди пред крајот Македонија обезбеди најмалку четврто место во групата. Најефикасен на натпреварот повторно беше Мекејлеб со 27 поени. Антиќ додаде 7 скокови.

Сите фанови на кошарката во Македонија не можеа да посакаат подобра честитка за 20-годишнината од независноста од овој, најголем успех на македонските кошаркари во историјата.

Преостанатите два натпревари во групата, Македонија ги игра в сабота во 17ч. против Словенија и во понеделник на 12 септември во 20ч. против Русија.
Македонската кошаркарска репрезентација на загревање.

Во оваа втора фаза од Европското првенство останаа 12 репрезентации поделени во две групи. Најдобрите четири репрезентации од групите играат во четвтрфиналето и тоа најдобите од едната група со четвртопласитраните од другата, а второ со третопласираните.

Во продолжение можете да ја видите моменталната состојба на табелата во групат Ф. Вечерва се играат преостанатите два натпревари од оваа група: Финска - Русија во 17ч. и Словенија - Грција во 20ч, со што и табелата ќе претрпи извесни промени.

Место Репрезентација Победи/Порази Бодови
1. Македонија 3/0 6
2. Русија 2/0 4
3. Словенија 1/1 3
4. Грција 1/1 3
5. Грузија 0/3 3
6. Финска 0/2 2

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион Фени индустри, Емил Рајковиќ, вчера за нашето радио изјави дека не треба да се оптоваруваме со
Било кој противник кој што ќе ни се падне во четврт финалето би бил неверојатно тежок противник, таму се Србија, Франција, Шпанија, Литванија, Турција, Германија, тоа се шест многу силни репрезентации така што во четврт финалето ќе биде неверојатно тешко да се пројде, но овие наши момчиња, наши херои веќе не смееме да ги отпишеме против никого.

полуфинале или освојување на шестото место, кое носи пласман во квалификациите за Олимпијадата која наредната година ќе се одржи во Лондон. Сепак, тоа не значи и дека тој не верува во таков успех на нашите репрезентативци, кои докажаа дека за нив никој не е недопирлив.

„Било кој противник кој што ќе ни се падне во четврт финалето би бил неверојатно тежок противник, таму се Србија, Франција, Шпанија, Литванија, Турција, Германија, тоа се шест многу силни репрезентации така што во четврт финалето ќе биде неверојатно тешко да се пројде, но овие наши момчиња, наши херои веќе не смееме да ги отпишеме против никого, дури се надеваме и против Шпанија“, рече Рајковиќ.

Оптимистички расположени се и граѓаните што ги анкетираше колегата Борче Лозановски.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG