Достапни линкови

Клинтон: Горди што го подржавме развојот на Македонија


Ние сме горди што го поддржувавме развојот на Македонија и транзицијата во последните 20 години и денеска сме посветени во помагањето на Македонија да го зајакне владеењето на правото, да го подобри образованието, да ја унапредува слободата на медиумите и да гради поголема демократска основа за целосно, инклузивно мулти-етничко општество. Ова е наведно во честитската од америкаскиот државен секретар Хилари Клинтон по повод денот на незавиноста. Во продолжение се вели дека денеска треба да се потсетиме на се што е постигнато и на предизвиците кои што остануваат. „Додека прославуваате со семејството, пријателите и саканите знајте дека Соединетите Држави ви се пријател“ стои во честитката.
XS
SM
MD
LG