Достапни линкови

Палестинците со кампања до членство во ОН


Палестинците почнаа кампања за поддршка на нивната кандидатура за членство во Обединетите Нации. Кампањата стартува во пресрет на средбата на палестинскиот претседател Махмуд Абас со генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун на 20-ти септември кога и официјално ќе му го предаде и барањето за кандидатура. Абас денеска се сретна со високи палестински функционери за да го финализираат планот со кој се бара полноправно членство на палестинската држава во рамките во кои постоела пред 6-дневата војна во 1967-мата година.На барањето за членство во ОН се спротивставуваат Израел и САД. Вашингтон соопшти дека ќе го блокира планот во Советот за Безбедност.
XS
SM
MD
LG