Достапни линкови

Бесими во посета на македонските војници во Сараево


Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска го посети македонскиот контигент во Сараево кој учествува во европската мировна мисија ЕУФОР, Алтеа. Бесими се сретна и со командантот на ЕУФОР генерал-мајор Бернард Баир од Австрија. Бесими изјави дека со контигентот Македонија придонесува за мир и стабилност во БиХ и дека со денешната посета на денот на Незавиноста испраќа порака до ЕУ и НАТО дека и во вакви денови кога се празнува во земјата, дава големо значење и придонес за меѓународните мисии и глобалниот мир.
XS
SM
MD
LG