Достапни линкови

Гадафи продавал злато да за исплати плати


Новиот гувернер на либиската Централна Банка Ќасим Азуз изјави дека поранешниот режим за време на востанието против Моамер Гадафи продадал 20 отсто од државните резерви во злато за да се исплатат плати. Азуз додаде дека се продадени 29 тони злато на локални трговци во април, кога режимот останал без доволно пари. Се верува дека Либија има 145 тони злато во државните резерви. Азуз истакна дека главнината во либиските банки изнесува 115 милијарди долари и дека за време на востанието не е регистрирано дека нешто од нив недостасува.
XS
SM
MD
LG