Достапни линкови

20 години независност


95,32 отсто од граѓаните гласаа за создавање суверена и самостојна Македонија
95,32 отсто од граѓаните гласаа за создавање суверена и самостојна Македонија

На 8 Септември пред 20 години, македонскиот народ за прв пат во својата историја го прослави прогласувањето независна и самостојна држава.

Без Александар и Триумфална капија, без предавници и партиоти, но со огромно чувство за историја, на плоштадот без споменици, поплочен само со калдрма, македонскиот народ пред 20 години за прв пат во својата историја го прослави прогласувањето независна и самостојна држава.
Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

На референдумот на тој 8 септември 1991 година излегоа 71,85 отсто од регистрираните избирачи, а 95,32 отсто од нив гласаа за создавање суверена и самостојна Македонија. Сенка на изјаснувањето фрли бојкотирањето на референдумот од страна на Албанците.

Околу еден месец претходно, Собранието со акламација донесе одлука за распишување референдум. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“.
Од прославата по референдумот на 8 септември 1991 година

По затворањето на избирачките места, граѓаните се упатија кон плоштадот Македонија, кој дотогаш го носеше името Маршал Тито, во центарот на Скопје, каде Македонското радио организираше свеченост насловена „Глас за Македонија“ со настап на стотина музички ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читаа извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот.

По објавувањето на резултатите на насобраните граѓани им се обрати првиот претседател Киро Глигоров:

„Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.“

На референдумот, граѓаните ја потврдија одлуката на Собранието кое на 25 јануари 1991 година ја донесе декларацијата за независност.
Десет дена по референдумот, Собранието донесе Декларација за прифаќање на референдумските резултати, а на 17 ноември го донесе Уставот. На 19 декември истата година, Собранието ја усвои и декларација за меѓународно признавање на Македонија како суверена и независна држава. Прва држава што ја призна Македонија е Бугарија, а веднаш по неа и Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина.
Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија
Киро Глигоров, прв Претседател на Македонија.
Неколку мецеси подоцна ЈНА ја напуши Македонија. Важен чекор во процесот на создавање независна Македонија е формирањето на АРМ на 18 август 1992 година. На 26 април истата година Македонија го промовираше денарот како македонска валута и монетарно и финансиски се осамостои.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа преговори за решавање на спорот за името, кои се уште траат. Под уставното име, Македонија е признаена од 132 земји, меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина.

Ден на независноста на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:40 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG