Достапни линкови

Економијата од независноста до сега


За успех може да се смета одвојувањето од социјалистичкиот економски систем, сметаат економистите

За успех може да се смета одвојувањето од социјалистичкиот економски систем, сметаат економистите

Скромен економски раст, висока невработеност, контролирана инфлација - две децении македонска економија.

Уникатни предизвици, успешно преживување на распадот на социјалистичкиот економски систем, успех во контрола на инфлацијата, но неуспех во справување со невработеноста, сето тоа проследено со скромен економски раст и преживување. Вака накратко може да се резимираат гледиштата на дел од економистите за последните две децении постоење на македонската економија.
Сега веќе постепено, но сигурно чекори кон патот да се афирмира како една земја, политички субјект, па и стопански субјект во кој што може да се инвестира

На макроекономски план земјава се соочуваше со ембарга во деведесетите, а на стартот на новиот милениум мораше да ги надмине штетите од воениот конфликт, смета професорот Христо Карталов:
Слободната економска зона „Бунарџик“. Македонија се обидува да се промовира како земја во која може да се инвестира

„Сите тие вонекономски ситуации, состојби кои што го следа патот на осамостојувањето на Републиката беа кобни, беа состојби во кои што немаше мудрец во економијата кој што можеше да ги надмине. Тоа беа состојби коишто доаѓаа од политиката, од несредените политички односи.“
Од една страна може да сме незадоволни што економијата ни одеше предолго надоле, од друга страна пак можеме да бидеме задоволни што недозволивме економијата целосно колабира, да исчезне економската активност во Македонија

По сето тоа, Македонија полека успева да застане на нозе, смета Карталов:

„Сега веќе постепено, но сигурно чекори кон патот да се афирмира како една земја, политички субјект, па и стопански субјект во кој што може да се инвестира, која што има многу геополитички и стратешки позиции кои што можат да бидат постабилни за големите корпорации кои се подготвени да инвестираат.“

За успех може да се смета одвојувањето од социјалистичкиот економски систем, кој поради неговата неефикасност се распадна, вели професорот и поранешен министер за финансии Никола Поповски.

„Од една страна може да сме незадоволни што економијата ни одеше предолго надоле, од друга страна пак можеме да бидеме задоволни што не дозволивме економијата целосно колабира, да исчезне економската активност во Македонија како што се случи во некои држави каде целосно ја снема, Косово да речеме, Босна итн, меѓутоа се зачува основното економско јадро.“

Како стојат работите денес? Поповски вели дека економистите ја проценуваат состојбата согласно три индикатори и објаснува:

„Тие индикатори се каква е стапката на раст, кое е нивото на невработеност и кое е нивото на инфлацијата. Од овие три кои се универзални индикатори ние имаме очигледно многу ниска стапка на раст, се бориме да е околу нулата или позитивна, што е далеку од една објективна употребна од 5-6 и стабилна динамичка стапка, понатаму имаме една превисока невработеност која се задржа сите овие 20 години на нивото од 30% и за среќа имаме ниска стапка на инфлација.“
XS
SM
MD
LG